Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Седница на Комитетот за безбедно мајчинство - преглед на постигнатите резултати и планирање на идните активности

Министерство за здравство Министерство за здравство
Комитетот за безбедно мајчинство, предводен од д-р Ирена Алексиевска Папестиев и реномирани доктори од Клиниката за гинекологија, Универзитетската клиника за детски болести, претставници од Mинистерство за здравство, претставници на меѓународни организации во земјата УНФПА, Проект ХОПЕ, одржа седница на која беа прикажани досегашните резултати во насока на намалување на перинаталниот и мајчиниот морбидитет, а воедно беше реафирмирана поддршката од партнерите УНФПА, СЗО, УНИЦЕФ и Проект ХОПЕ. 
 
Членовите на комитетот разговараа за идни обуки и доедукации на медицинскиот кадар во родилиштата,подготовка на нови клинички протоколи и информативни материјали, можностите за интеграција на семејно ориентирано породување, како и зајакнување на перинаталниот мониторинг и идентификација на нови иницијативи и пилот проекти.
 
Министерството за здравство тековно спроведува анализа на кадрите во родилиштата низ државата, со цел утврдување на потребите за унапредување на здравствената заштита на мајките и децата. 

Мени за пристапност