EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Став на Министерство за здравство врз основа на тврдења за наводни непотребни медицински интервенции

Министерство за здравство Министерство за здравство
Во јавноста се појавија сериозни тврдења за можни непотребни медицински интервенции. Во здравството постојат јасно утврдени професионални стандарди, протоколи и законски постапки, како и компетентни тела надлежни за нивна примена. Почитувањето на професионалниот интегритет на здравствените работници е задолжително, исто како и почитта кон правата на пациентите.
Одлуките за лекување се темелат на клинички индикации, но и на право на второ стручно мислење. Пациентите треба да се чувствуваат охрабрени да поставуваат прашања, да бараат појаснувања и доколку имаат дилема, да побараат второ мислење — тоа е дел од добрата медицинска практика.
Оваа тема бара трезвен пристап и почит кон фактите а безбедноста на пациентите, медицинската етика и медицината заснована на докази се основните принципи врз кои се заснова пристапот на здравствениот систем. Овие принципи се основата и на новиот пристап со раководење со Министерството за здравство.
 
Врз основа на информациите што се споделени во јавноста, Министерството за здравство веќе се координира за проверка на тврдењата како и спроведување на итни и вонредни надзори со цел добивање на целосната слика. Дополнително, министерот Азир Алиу веќе најави дека комплетната дигитализација на здравствениот сектор ја опфаќа и двонасочната размена на информациите меѓу јавните и приватните здравствени установи преку системот Мој Термин – само тогаш ќе имаме јасна слика и за евентуалните злоупотреби на системот и на финансиските средства.
 
Здравствениот систем се заснова на доверба и затоа секоја јавна комуникација треба да биде одмерена и заснована на проверливи информации, без шпекулации и без поистоветување на поединечни случаи со целиот систем.
 
Секако дека секој има право на свое мислење, а посебно ако тоа е поткрепено со аргументирани факти но исто така сметаме дека потребно е да се избегнуваат изјави кои водат до генерализации и сензационализам.

Мени за пристапност