Министерот за здравство, Азир Алиу ја посети поликлиниката Шуто Оризари, заедно со Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, Шабан Салиу.
- - Нашата заложба е достапна здравствена заштита за сите пациенти, а паралелно со тоа и унапредување на условите во јавните здравствени установи низ државата. Поликлиниката Шуто Оризари во следниот период ќе биде еден од приоритетите за унапредување во различни аспекти, секако со поддршка од Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на Ромите. Во духот на оваа стратегија, заеднички се залагаме за подобрен пристап до интегрирани, квалитетни, превентивни и куративни здравствени услуги за лицата од овој регион, истакна министерот Алиу при посетата.
Продолжува имплементацијата на активностите согласно Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030.