ЗАКОН ЗА КОМПЛЕМЕНТАРНА И АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

Со овој закон се уредуваат прашањата кои се однесуваат на системот, организацијата и примената на методите и постапките на комплементарната и алтернативната медицина, лицата кои применуваат методи и постапки на комплементарна и алтернативна медицина, установи за комплементарна и алтернативна медицина, Центарот за традиционална кинеска медицина, квалитетот на методите и постапките на комплементарната и алтернативната медицина, Комората за комплементарна и алтернативна медицина, лиценцата за работа, стручниот надзор над работата на практичарите на комплементарна и алтернативна медицина и други работи кои се однесуваат на комплементарна и алтернативна медицина.

Овој закон ја воспоставува рамката за професионално применување на комплементарната и алтернативната медицина и се однесува на сите кои применуваат методи и постапки на комплементарната и алтернативната медицина опфатени со овој закон.


ЗАКОН ЗА КОМПЛЕМЕНТАРНА И АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА, редакциски пречистен текст објавен од „Службен весник на Република Македонија”, кој ги опфаќа сите изменувања и дополнувања заклучно со Законот за дополнување на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, објавен во “Службен весник на РМ” бр.39/16


  1. ЗАКОН ЗА КОМПЛЕМЕНТАРНА И АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА (Службен весник на РМ бр. 25 од 2015 година)
  2. ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОМПЛЕМЕНТАРНА И АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА (Службен весник на РМ бр. 39 од 2016 година)