ФИЛИПЧЕ НА СОСТАНОКОТ СО УПРАВНИОТ ОДБОР НА МАТТО, СОРАБОТКАТА СО МАКЕДОНСКО – ТУРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА Е ЗНАЧАЈНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Министерството за здравство има долгогодишна соработка со Македонско – Турската стопанска комора во Македонија – МАТТО и бележи исклучителна поддршка во унапредување на македонскиот здравствен систем низ годините, а  исклучително во изминатите неколку години. Mинистерот за здравство д-р Венко Филипче, учествуваше на состанок на  управниот одбор на МАТТО. Филипче, им се обрати на присутните и се заблагодари  за помошта и поддршката која многу компании членки на МАТТО ја дадоа  на јавното здравство, на бизнис заедницата како и на населението во услови на пандемијата.  

На состанокот министерот ја истакна средбата со Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  и донацијатана вакцини,  која нашата земја ја доби и  беше значајна за нас. Особено важно за сите нас е што во периодот на пандемијата  видовме колку значи поддршката која меѓусебно ја даваме и ги обедини сите држави во светот, додаде министерот.  

Филипче истакна колку е важна и значајна едукацијата во здравствениот систем а која со години била запоставувана како и  значењето на приватниот капитал во здравствениот систем кој е еден сегмент од целокупното здравство,  а кој во услови на пандемијата покажа дека може добро да се справи со целата ситуација – рече министерот за здравство.  

Претседателот на Комората, Ајдован Адемоски, истакна дека МАТТО е петти партнер во областа на инвестициите на Северна Македонија и осми во областа на трговијата.  

-Моменталниот обем на трговија изнесува околу 500 милиони долари. Мисија на МАТТО е и да биде економски мост помеѓу двете земји. Иако МАТТО е Стопанска комора, таа е исто така и истражувачка организација, бидејќи поддршката која и ја пружа на нејзините членови и сродни компании во голема мера се заснова на информации и контакти – рече Адемоски.  

Сподели на:

Related Posts