EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Алиу на средба со претставници на Светска банка: Имплементираме политики базирани на потребите на лицата со попреченост

Алиу на средба со претставници на Светска банка: Имплементираме политики базирани на потребите на лицата со попреченост

Министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со претставници на Светска банка, на која се дискутираше за тековните и идните активности поврзани со воспоставување систем за проценка на лицата со попреченост, како дел од Проектот за администрирање на социјалното осигурување (СИАП), поддржан од Светска банка.

-Нашиот пристап како Министерство за здравство е да бидеме отворени и да имплементираме политики базирани на потребите. Заедно со сите чинители, вклучително и Светска банка посветени сме на воспоставување ефикасен, холистички и интегриран пристап во проценката на попреченоста, истакна на средбата министерот за здравство, Азир Алиу.
Посебен акцент беше ставен на значењето на пилотирањето на новата национална методологија и потребата од зајакнување на институционалните капацитети и координација на терен.

Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствените политики и активности што обезбедуваат правичен пристап и поддршка за сите граѓани, а посебно на лицата со попреченост.

Мени за пристапност