EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Системска трансформација кон здравствен систем што превенира, се подготвува и дејствува навремено

Системска трансформација кон здравствен систем што превенира, се подготвува и дејствува навремено

Министерството за здравство почна со национална програма за кризен менаџмент и отпорност на здравствениот систем - прва од ваков тип во нашата држава, која воспоставува нова логика на справување со ризици, дефинирањена стандардизирани протоколи, дигитална платформа за координација во реално време, обуки, симулациски вежби и интероперабилна комуникација меѓу здравствени и безбедносни институции. Со оваа платформа ја јакнеме издржливоста на системот и правиме чекор напред кон интегрирана здравствена безбедност.

Истовремено, започнавме темелно ажурирање на националниот акциски план за здравствена безбедност, со вклучување на лекциите од пандемијата, во согласност со стандардите на СЗО и ЕУ и зајакнување на законската рамка за меѓусекторска координација.

Ова е јасна политичка порака – здравјето и безбедноста на граѓаните се неприкосновени, а нашата одговорност е да изградиме систем кој реагира пред заканата, а не по трагедијата. Со овие координирани чекори, нашата држава прави пресврт – од реактивен кон проактивен здравствен систем, подготвен да одговори на секоја закана.

Веруваме дека здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена. А реформите што ги започнуваме се најдобрата инвестиција во нивната заштита. Но, за еден здравствен систем да биде навистина отпорен, реформите мора да се надополнат и со реални, капитални инвестиции.

Затоа, Министерството за здравство започнува со нова инвестициска фаза од 205 милиони евра за обнова и унапредување на здравствената инфраструктура во Штип, Тетово и Кичево. Овие проекти се темел за подостоинствен третман на пациентите и подобри услови за медицинскиот персонал.

Во рамки на новата логика што ја градиме во здравството – логика на транспарентност и отчетност – веќе активно функционира Алатката за пријавување неправилности, преку која граѓаните можат директно да пријават проблеми во системот. Досега регистрирани се 90 пријави, најмногу од Скопје, а најчести се поплаките за доцнење на резултати, доцнење на прегледи и ангажмани на доктори во јавниот и приватниот сектор. Но најважно е што овие пријави и претставки не остануваат во фиока – секоја се разгледува од посебна работна група, со цел да има институционална реакција. Ова е јасната политичка порака: времето кога здравствените проблеми се игнорираа заврши. Сега граѓаните имаат глас – и тој глас ќе се слуша.

Во духот на реформите што веќе ги започнавме, дозволете ми накратко да се осврнам и на направените измени на Законот за здравствено осигурување - ја тргнавме административната бариера, го удвоивме бројот на поддржани обиди за ин витро од 3 на 6 и ја дигитализиравме постапката, а  времето за одобрување е скратено на само две недели. Нема веќе чекање со месеци, нема изгубени документи по пошта, ќе има само нова шанса, надеж и пристапност. Истовремено, го упростивме процесот за лекување во странство, воведовме појасна одговорност во управувањето со Фондот и започнавме усогласување на правата на странските државјани со оние на нашите граѓани. Ова се конкретни чекори со кои го приближуваме здравствениот систем до човекот.

Мени за пристапност