Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за сите aптеки во мрежата на здравствени установи за должност за плаќање месечен надомест за лиценца

Министерство за здравство Министерство за здравство

До

Сите ПЗУ aптеки во мрежата на здравствени установи во Република Северна Македонија

 Предмет: Известување за должност за плаќање на месечен надомест за лиценца

 

            Почитувани носители на лиценца,

 

Ве потсетуваме на Вашата должност за плаќање на месечен надомест за лиценца за вршење на здравствена дејност-аптека на ниво на примарна здравствена заштита согласно со Договорот за лиценца што го имате склучено со Министерството за здравство, за вршење на здравствена дејност во мрежата на здравствени установи.

Како носител на лиценца, имате должност за секоја аптека/аптекарска станица/подвижна аптека да плаќате месечен надомест за лиценца на сметка на Министерството за здравство и тоа во износ, на начин и во рок утврден во Договорот за лиценца за секоја аптека/аптекарска станица/подвижна аптека која врши здравствена дејност во мрежата на здравствени установи.

 

Носителите на лиценца кои воопшто не ја исполнувале обврската до сега или редовно не ја исполнувале обврската за плаќање на месечен надомест за лиценца се задолжуваат уплатата на месечниот надомест за лиценца за периодот за кој не е платен месечниот надомест за лиценца, да ја извршат најдоцна до 30.04.2026 година.

 

После овој датум Министерство за здравство ќе спроведува контроли на извршените уплати кај секој носител на лиценца, за секоја аптека/аптекарска станица/подвижна аптека во мрежата на здравствени установи и во случај на повреда на обврските од страна на носителот на лиценца, а кои се утврдени со договорот, Министерството за здравство согласно Договорот за лиценца еднострано ќе може да го раскине постоечкиот Договор за лиценца за вршење на здравствена дејност во мрежата на здравствени установи.

Мени за пристапност