Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Комитет за поддршка на доење со активности во пресрет на Светската недела на доење

Министерство за здравство Министерство за здравство
Во просториите на Министерството за здравство се одржа состанок на Комитетот за поддршка на доење, со кој претседава проф. д-р Николина Здравеска.
 
Состанокот се одржа во пресрет на Неделата посветена на доење и активности за одбележување на Светската недела на доење (1–7 август 2026 година) и потребата од подигнување на свесноста за бенефитите од мајчиното млеко.
 
Се разговараше за можностите за вклучување на државава во World Breastfeeding Trends Initiative (WBTi), а исто така и за подготовка на прашалникот кој ќе биде поставен на апликацијата Bebbo, со цел добивање на првични податоци за практиките на доење и предизвиците со кои се соочуваат мајките.
Комитетот продолжува со активности поврзани со едукација на мајките за оваа тема.

Мени за пристапност