Министерот за здравство, Азир Алиу денес оствари работна средба со италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери на која стана збор за актуелни теми од областа на здравството.
-На денешната средба со амбасадорот Палминтери имавме пријателска и конструктивна дискусија, при што ги афирмиравме одличните билатерални односи меѓу нашите земји. На средбата стана збор и за вклучувањето експерт токму од Италија, кој ќе биде дел од меѓународната експертска комисија која ќе ги разгледува кардихируршките случаи, по завршување на работата на интерната комисија со домашните експерти. Заеднички продолжуваме со транспарентност, доверба и професионален пристап за унапредување на здравствениот систем, истакна на средбата министерот Алиу.