Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Специјализираната болница за нефрологија – Струга е регионален центар за нефрологија и урологија

Специјализираната болница за нефрологија – Струга е регионален центар за нефрологија и урологија
Министерот Клековски, денеска ја посети и Специјализираната болница за нефрологија – Струга, каде се сретна со директорот, д-р Јетмир Зиба и со здравствените работници.
 
Болницата е регионален центар за нефрологија и урологија и е препознатлива по дијализата на пациенти со потешка здравствена состојба.
 
Само во 2025 година се направени: 16.681 хемодијализа; 738 крвни пристапи (АВ фистули) за пациентите на дијализа; речиси 16.000 прегледи во нефролошката и над 7.300 во уролошката амбуланта; 1.381 хоспитализиран пациент на нефролошкото одделение.
 
Постепено се осовременува со нови машини за дијализа, а набавена е и нова анестезиолошка опрема.
 
Предизвикот пред болницата е генерациска смена — голем број медицински сестри заминуваат во пензија оваа и следните години. Нивното знаење и искуство не смее да замине заедно со нив. Затоа, навремената замена и пренесувањето на искуството на помладите колеги треба уште сега да се планираат.

Мени за пристапност