На објавениот тендер за набавка не пристигна ниту една понуда - причината е проблем во производството на глобално ниво, а не во нашата постапка. Оваа година, првпат одеднаш се променети сите три вирусни соеви во составот на вакцината (два за грип А и еден за грип Б). Светската здравствена организација и американската агенција ФДА ги ажурираа трите соеви заедно, што го одложи почетокот на производството кај производителите ширум светот.
Министерството е во постојана комуникација со земјите од регионот и пошироко и се очекува наскоро, во текот на овој месец да бидат обезбедени вакцини преку меѓународните канали.
Вакцинацијата останува најсигурна заштита од тешки облици на грип и компликации, особено за хронично болните, постарите лица и бремените жени. За секој напредок граѓаните ќе бидат навремено информирани.