Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Клековски ги посети Општа болница и Здравствениот дом во Струга

Министерот Клековски ги посети Општа болница и Здравствениот дом во Струга
Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска ги посети Општа болница – Струга и Здравствениот дом, каде се сретна со директорот Владимир Бунчески и со здравствените работници.
 
Болницата има солидна дигестивна и торакална хирургија, како и други оддели што секојдневно им служат на граѓаните од Струга и регионот. Тоа го прават во многу тешки услови.
 
Затоа се презема конкретен чекор: поранешната ковид-болница се става во функција за амбуланти. Простор што со години стоеше неискористен, сега се враќа на пациентите. Ќе се ослободи место за нови специјалистички услуги, па луѓето повеќе прегледи ќе добиваат тука, во својот град. 
 
Министерот им се заблагодари на директорот Бунчески и на целиот тим за гостопримството и за посветеноста.

Мени за пристапност