Министерот за здравство, Сашо Клековски, на покана на амбасадорот на Република Турција во земјава, Н.Е. Фатих Улусој, присуствуваше на одбележување на Денот на демократијата и националното единство на Република Турција.
Со своето присуство, министерот Клековски ја потврди посветеноста кон натамошно зајакнување на традиционално добрите и пријателски односи меѓу Македонија и Република Турција, како и унапредување на соработката во областа на здравството.
