Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одбележана Светската неделата на свесност за антибиотиците

Одбележана Светската неделата на свесност за антибиотиците
Одбележана Светската неделата на свесност за антибиотиците. Во организација на мултисекторската комисија за контрола на антимикробна резистенција и Факултетот за ветеринарна медицина беше одржан настан, кој го отвори деканот на Факултетот, проф. Дејан Јанкуловски и професори од различни оддели, членови на мултисекторската комисија и студенти. Предавачите пренесоа пораки до присутните, до населението важни факти за правилна употреба на антибиотици за по определена индикација, во одредена доза, за одредено времетраење и во одредено време.
 
Пораката за професионалците и пошироката јавност од состанокот е да не се користат антибиотици без лекарски рецепт, да не се препишуваат без добро дефинирана индикација, да се користат антибиотици кои не предизвикуваат резистенција или ја предизвикуваат во мала мера, да се користат во времетраењето како што е наведено од лекарот и да се земаат во одредени интервали како што е наведено.
 
„Дејствувајте сега: Заштитете ја нашата сегашност, обезбедете ја нашата иднина“ е мотото на СЗО за одбележување на неделата на свесност за антибиотици.
 
Да се однесуваме одговорно при користење антибиотици во сегашноста, да не ги трошиме непотребно, за да имаме ефикасни антибиотици во иднина!

Мени за пристапност