Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

На 75. сесија на Регионалниот комитет на СЗО во Копенхаген усвоени значајни документи и стратегии за унапредување на здравствените политики

На 75. сесија на Регионалниот комитет на СЗО во Копенхаген усвоени значајни документи и стратегии за унапредување на здравствените политики

Министерството за здравство активно учествуваше на 75. сесија на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, која се одржа во Копенхаген, Данска, од 28 до 30 октомври 2025 година,  заедно со министри за здравство и високи делегации од 53 земји членки на европскиот регион на СЗО, како и претставници на партнерски организации и граѓанското општество.

Во текот на тридневната сесија беа усвоени повеќе значајни документи и стратегии кои ќе ја насочуваат здравствената политика на европскиот регион во следниот петгодишен период, меѓу кои:

- Втората Европска програма за работа (EPW2 2026–2030) – „Обединето дејствување за подобро здравје“, заедничка визија и план за делување на земјите членки и СЗО за поефикасни, поправедни и поиновативни здравствени системи.

- Под рамката на EPW2 беше претставена Специјалната иницијатива на регионалниот директор за превенција на насилство врз жени и девојчиња, како и иницијативата за здравствени системи отпорни на климатски промени.

- Усвоена е Стратегијата за здравјето и благосостојбата на децата и адолесцентите 2026–2030, развиена во соработка со УНИЦЕФ, со цел секое дете да има здрав почеток и поддршка во текот на растењето.

- Усвоена е Стратегијата за искористување на иновациите во јавното здравје 2025–2030, која ќе овозможи примена на нови технологии и вештачка интелигенција (AI) во здравствените системи за подобрување на квалитетот, безбедноста и пристапот до здравствени услуги.

-Започнат е процесот на подготовка на новата Стратегија „Стареењето е живот“ (2026–2030) – регионална рамка за активно и здраво стареење во текот на целиот живот.

- Донесени се одлуки за јакнење на отчетноста и транспарентноста на СЗО/Европа, како и за воспоставување нови географски дисперзирани канцеларии со фокус на вештачка интелигенција, квалитет на здравствена грижи и безбедност на пациентите, и економија на благосостојба.

Учеството на нашата држава на ова заседание претставува потврда на нашата посветеност на европските здравствени приоритети и зајакнување на соработката со СЗО и земјите членки во заштита и унапредување на здравјето на граѓаните.

Сесијата, на која беа усвоени сите стратегии и клучни документи, ја потврди заедничката решеност на земјите членки да го унапредат здравјето, иновациите и еднаквоста во целиот регион.

Посебна благодарност до Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија за континуираната поддршка и партнерство во унапредувањето на националните здравствени приоритети и активното учество на нашата земја во регионалните процеси.

Мени за пристапност