Министерот Азир Алиу ја посети Општата болница во Гостивар, каде е обезбеден нов најсовремен гинеколошки ЕХО апарат, со поддршка од неколку општествено одговорни компании, меѓу кои „ЕТ електроникс“, „Интрософт системс“ и „Хипомед“.
Апаратот е во вредност од 40 илјади евра и со ставањето во функција се унапредува дијагностиката и третманот на пациентките на гинеколошкото одделение.