Почитувани претставници,
Денес држиме прес-конференција затоа што имаме што да покажеме — резултати, решенија, договори.
А тие? Седат по ќошиња, криени зад тастатури и ширење лаги за да ги покријат сите золуми и срамови што им ги оставија на граѓаните, особено во здравството.
Ги слушнавте измислиците дека 155 лица од Тетово нема да се вработат. Срамота е, дури и за нивниот стандард на лаги. Тоа е евтин театар за евтини политички поени врз плеќите на луѓе што со години живеат во несигурност.
Затоа порачувам: 155 луѓе од Клиничката болница во Тетово ќе добијат договори на неопределено време. Точка. Постапката е завршена. Стававме крај на оваа агонија што тие ја создадоа и ја хранеа со години.
Овој проблем траеше со години и зошто? Затоа што ДУИ беше со децении на власт и никогаш не се потруди да го реши.
Дури и кога Арбен Таравари беше една година министер, ништо не направи. Само седеше и гледаше како овие луѓе се понижуваат со привремени договори и живеат во несигурност.
Денес, кога ние конечно донесовме решение, тие повторно покажаа дека единственото што знаат е да лажат, да манипулираат и да подметнуваат преку своите луѓе што сè уште шетаат по институциите
А Таравари денес молчи пред јавноста, а зад сцена шепоти како портпарол на ДУИ. Избра да биде маша на партијата што го уценуваше сега го користи како пиун. Ова не е само пад, ова е капитулација, и граѓаните тоа го гледаат, го чувствуваат и ќе го запомнат.
Почитувани,
Ние нема да застанеме. Ќе продолжиме да работиме, да решаваме и да градиме. Резултатите се нашиот одговор на нивните лаги.
Ви благодарам.