Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ВНИМАВАЈТЕ НА СИМПТОМИТЕ – ЈАВЕТЕ СЕ КАЈ ВАШИОТ ЛЕКАР ДОКОЛКУ СЕ ПОЈАВАТ

ВНИМАВАЈТЕ НА СИМПТОМИТЕ – ЈАВЕТЕ СЕ КАЈ ВАШИОТ ЛЕКАР ДОКОЛКУ СЕ ПОЈАВАТ

По прогласената епидемија на акутни гастроентерити во Општина Гостивар, Министерството за здравство, по препорака на Комисијата за заразни болести, спроведува засилен здравствен и епидемиолошки надзор со цел навремено откривање и спречување на евентуална појава на заболувања што се пренесуваат по фекално-орален пат.

 

Иако епидемиолошката состојба се стабилизира, одредени заболувања можат да имаат подолг инкубациски период. Поради тоа, во наредните недели препорачуваме граѓаните внимателно да ја следат својата здравствена состојба.

 

Доколку се појават:

 

- пожолтување на кожата или очите;

- темна урина;

- светла столица;

- гадење или повраќање;

- покачена телесна температура;

- изразен замор;

- болка под десниот ребрен лак;

- губење на апетит,

 

јавете се кај вашиот матичен лекар.

 

Не се препорачува самоиницијативно лекување или одложување на лекарскиот преглед.

 

Воедно, потсетуваме дека најдобра заштита од заболувања што се пренесуваат по фекално-орален пат е доследното почитување на основните хигиенски мерки:

 

- редовно миење на рацете со сапун и вода (особено по користење на тоалет);

- користење безбедна вода за пиење;

- темелно миење на овошјето и зеленчукот со безбедна вода за пиење;

- соодветна термичка обработка на храната на температура повисока од 70 степени целзиусови;

- одржување добра лична хигиена.

Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје и здравствените установи продолжуваат со засилен надзор и континуирано ја следат епидемиолошката состојба.

Граѓаните ќе бидат навремено информирани за сите нови сознанија и евентуални дополнителни препораки.

Мени за пристапност