ОДРЖАНА ПРВАТА  ДЕРМАТОЛОШКА СЕКЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ПРИ ЗМСТАМ 

Одржана е првата  дерматолошка секција на медицински сестри и техничари при ЗМСТАМ на тема  – Спроведување на локална терапија и сестринска нега кај болни со кожни заболувања.

Оваа секција беше добра можност во рамки на која се зацврсти сознанието дека во та секојденевна работа најважна е едукацијата, знаењето  и следењето на современите текови на третманите и негата на пациентите.

Притоа, истовремено се потврди значењето  и нераскинливата врска на медицинските  сестри-техничари во тимското работење:

 Теми и предавачи  на секцијата беа:

  1. Токсична епидермална некролиза –  Проф. д-р Маргарета Баланбанова Стефанова
  2. Системска терапија на псоријаза – Прим. д-р сци мед Нина Цаца Биљановска
  3. Ургентни состојби во дерматологија од сестрински аспект – Дипл. мед. сестра Мартина Николовска
  4. Нега и современ тераписки третман кај пациенти со Пемфигус вулгарис – Дипл. мед. сестра Емилија Стојановиќ, Мед. сестра Соња Димовска Куљеван
  5. Современ третман на сложени рани– Др. Јасна  Димитровска  Милосавлевска
Сподели на:

Related Posts