Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-76, Куманово-6, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-13, Струга-7, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-10, Гевгелија-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица од: Скопје-68, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-15, Струга-15, Охрид-15, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-5, Свети Николе-6, Ресен-4.
Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка на возраст од 67 години. Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола веднаш бил упатен на Инфективната клиника Скопје, но за време на транспортот починал. Во ОБ Охрид е починат пациент на 86 годишна возраст. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 72 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8332, бројката на оздравени пациенти е 4468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3475. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3952, активни 1793
• Куманово 868, активни 200
• Дебар 153, активни 91
• Штип 463, активни 181
• Прилеп 302, активни 64
• Тетово 885, активни 290
• Струга 337, активни 163
• Велес 203, активни 33
• Битола 73, активни 30
• Охрид 227, активни 119
• Кавадарци 27, активни 19
• Гостивар 240, активни 147
• Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 8
• Радовиш 8, активни 4
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 77, активни 12
• Пробиштип 37, активни 23
• Демир Хисар 8, активни 7
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 9, активни 1
• Свети Николе 120, активни 107
• Кичево 84, активни 71
• Ресен 139, активни 75
• Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1259 теста се преку: ИЈЗ-413, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-104, Биотек-118, МАНУ -140, Жан Митрев (Филип Втори) –232, Систина со PCR метода -152, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-27, КИБФС (Инфективна клиника) -52. Досега во земјата се направени вкупно 79.392 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 25 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 293
• Аеродром – 147
• Бутел – 139
• Гази Баба – 199
• Центар – 144
• Карпош – 148
• Сарај – 118
• Кисела Вода – 101
• Ѓорче Петров – 108
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 80
• Арачиново – 40
• Илинден – 22
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 10
• Сопиште – 11
• Зелениково- 15
• Странец – 9
• Нераспределен- 80