НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА СМРТНИ И НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ СЛУЧАИ, НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД РЕГИСТРИРАНИТЕ И НАТАМУ ОД СКОПЈЕ

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември, 2020 се тестирани вкупно 17.456 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2,  намалување од 7,0% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 4,2% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.610; 40,4%), со неделна инциденца – 422,6/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37 отсто.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (n=1.639, 25,4%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1.244; 19,2%), од 40 до 49 (n=1.222; 18,9%), од 50 до 59 (n=1.217; 18,8%) и од 20 до 29 (n=791; 12,2%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=107; 1,7%) и од 10 до 19 години (n=243; 3,8%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7 отсто, во однос претходната недела на известување.

Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50 до 59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група од 40 до 49 години и еден случај во возрасната група од 30 до 39 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 30.11 до 06.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/ .

Сподели на:

Related Posts