РЕГИСТРИРАНИ СЕ 999 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 117.437 – ОЗДРАВЕНИ СЕ 711 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТО Е 21 ЛИЦЕ

Во последните 24 часа се направени 3.566 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 465, Прилеп – 53, Куманово – 52,Велес – 48, Кавадарци – 43, Гостивар – 38, Неготино – 37, Тетово – 36, Битола – 35, Охрид – 33, Штип – 30, Гевгелија – 23, Кочани – 16, Крива Паланка – 10, Кичево – 9, Валандово – 8, Струмица и Радовиш – по 7, Берово, Богданци и Демир Капија – 6, Ресен, Дебар, Пробиштип и Виница – по 4, Струга, Крушево и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево и Македонски Брод – по 2.
Регистрирани се 711 оздравени пациенти од:Скопје – 264, Прилеп – 72, Тетово – 44, Охрид – 40, Гостивар – 33, Куманово и Битола – по 32, Велес – 29, Струга – 26, Струмица – 23, Штип и Крива Паланка – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Берово – 13, Крушево и Богданци – по 6, Кичево, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Кавадарци, Ресен, Валандово и Пехчево – по 2, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Пријавено е вкупно 21 починато лице, на возраст од 50 – 90 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, три починати лица од Велес, по две починати лица од Прилеп, Охрид, Струга и Гевгелија, и по 1 починато лице од Куманово, Гостивар, Струмица и Ресен. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.566 тестови преку: ИЈЗ-543, ЦЈЗ Скопје-92, Авицена-420, Биотек-291, Жан Митрев (Филип Втори)-173, Систина -325, лабораторија Лаор–260, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Синлаб-65, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.271, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0.
Досега во земјата се направени вкупно 582.489 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 117.437, бројката на оздравени пациенти е 99.837, на починати е 3.424, а бројот на активни случаи изнесува 14.176.

Сподели на:

Related Posts