Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, денес присуствуваше на национална работилница за перинатално здравје, посветена на мајката и новороденчето.
-Стратешкиот приоритет на Владата за следните години е да продолжи со зајакнување на здравствениот систем и да направи брз напредок кон подобрување на матерналните и неонатални исходи, со цел да го забрза патот кон постигнување на амбициозните цели за одржлив развој.
Д-р Манолева искажа благодарност до Светската здраавствена организација, УНФПА и УНИЦЕФ за координираната подршка за унапредување на перинаталното здравје во земјава.