НАД ИЛЈАДА ДЕЦА СЕ ВАКЦИНИРАНИ ВО РАМКИ НА ТЕРЕНСКАТА КАМПАЊА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“.

Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ. Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини, информираат од Министерството за здравство. 

Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19.

Во теренските посети беа вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

Сподели на:

Related Posts