Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Панел-дискусија за иднината на цервикалниот скрининг - од навремен повик до целосна грижа за жената

Панел-дискусија за иднината на цервикалниот скрининг - од навремен повик до целосна грижа за жената

„Скринингот не завршува со земањето брис.“ Со оваа порака, д-р сци. Сања Саздовска, претставничка на Министерството за здравство, ја нагласи важноста на поврзаната и навремена грижа за жените на панел-дискусијата за иднината на цервикалниот скрининг, во организација на Здружението на приватни гинеколози и акушери.

 

Успешен скрининг значи секоја жена да биде навремено поканета, да го добие и разбере својот резултат и, кога е потребно, да има јасен пат до дополнителна дијагностика и третман. Во тој процес, матичните гинеколози имаат клучна улога како прва и континуирана врска со здравствениот систем.

Саздовска посочи дека во Комисијата за цервикален скрининг веќе се разгледуваат можностите за унапредување на програмата, вклучително и постепено воведување примарно HPV тестирање, врз основа на стручни препораки и процена на националните капацитети.

 

Меѓу важните насоки се клиничките упатства за примарната гинеколошка заштита и дигиталното поврзување на поканите, резултатите и следењето преку функционален национален скрининг-регистар.

 

Во дискусијата учествуваа и проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на ГАК и претседателка на Комисијата, д-р Игор Алуловски, поранешен претседател и актуелен член, д-р Гетов, матичен гинеколог, и проф. д-р Данијела Врдољак Мозетиќ од Риека, Хрватска.

 

Посебно беше истакната важноста на HPV вакцинацијата и достапноста на превенцијата за жените од руралните и недоволно опфатените средини.

 

Целта е секоја жена да знае кога треба да направи скрининг, да има можност навремено да го направи и да биде сигурна дека грижата продолжува и по резултатот.

 

Мени за пристапност