Со цел спречување на појава од заразни заболувања, кои се пренесуваат преку храна, ја информираме јавноста за почитување на следните превентивни мерки за заштита на здравјето:
– Темелно миење на рацете пред подготовка и пред консумација на храна и почесто миење на рацете за време на подготовка на храната.
– Храната да се користи веднаш по подготвувањето, а доколку не се употреби веднаш, да се чува на температура од 2 до 8 степени Целзиусови (во фрижидер), и при повторна употреба да се загрее на температура над 70 степени Целзиусови.
– Да не се консумира сирова или недоволно термички преработена храна, посебно месо и преработки од месо, непастеризирано млеко, млечни производи и јајца.
– Сировата и подготвената храна да се чуваат во фрижидер одделно, во посебни заштитени садови, со што ќе се избегне можност за загадување на веќе подготвената храна.
– Не оставајте подготвена храна на собна температура подолго од 1 час, односно подготвената храна ставете ја во фрижидер веднаш по користењето, каде препорачливо е да се чува максимум три дена и јадењето да не се подгрева повеќе од еднаш.
– Свежиот зеленчук, овошјето и салатите потребно е темелно да се измијат под силен млаз вода – пред јадење, сечкање или готвење.
– Во летен период избегнувајте лесно расиплива храна, како што се мајонези, кремови, сладолед од свежи и термички необработени јајца.
– Да се консумира безбедна вода за пиење, а доколку не сте сигурни за нејзиниот квалитет, пред употреба задолжително да се преврие.
– Кај бремените жени, лица со хронични болести, лица со намален имунитет, лица над 65 години и мали деца, потребно е поголемо внимание при консумација на храна во летниот период. Освен почитувањето на општите превентивни мерки, наменети за целото население, овие лица треба да ги почитуваат и следните препораки за заштита на здравјето:
– Да избегнува користење непастеризирано млеко и млечни производи од непастеризирано млеко, како што се меки сирења, намази и слично.
– Да се избегнува консумирање паштети, сувомесни производи, чадена риба и други чадени и термички необработени месни производи
– Да се избегнува користење на претходно подготвени овошни и салати од зеленчук (термички необработени)
– Да се избегнува консумирање сладолед, мајонез и кремови подготвени од свежи или недоволно термички обработени јајца.
– За ризичната категорија лица се препорачува користење на свежо приготвена храна во домашни услови.
Упатството за дијагноза и превенција на лисериоза може да го симнете на следниот линк