Стратешкиот план претставува исклучиво пишан документ, легализиран низ процесот на формално одлучување на организацијата, долгорочен водич за делувањето, развојот и надградбата на капацитетот, ефикасноста и функционалноста на Министерството за здравство.
Реалниот и соодветно развиен стратешки план, обезбедува посветеност на членовите на организацијата во неговата имплементација и овозможува мониторинг на спроведувањето на планираните активности.
Стратешкото мислење претставува комплексен процес кој нуди рамка на мислење и креирање на одговори адекватни на предизвиците на Министерството за здравство. Креирањето на визијата согласно реалноста, развивање на способности за тимска работа, развивање и решавање на проблемите и критичкото мислење, се само резултат на тоа што во процесот на стратешкото мислење го гледаме целиот систем, а не само неговите пооделни делови.
Процесот на стратешко планирање овозможува на систематски и структуриран начин да се анализираат, планираат, следат и евалуираат, надлежностите и обврските, искористеноста на постоечките ресурси, нивната распределба по функции и потреба од нови ресурси како и организациската поставеност, човечкиот потенцијал со кој располага министерството, неговата организациона поставеност, внатрешна комуникација и координација, техничка – технолошка опременост, просторните можности и др.
Преку овој процес на планирање се дефинираат и приоритетните прашања кои како политики ќе треба да се усвојат во наредниот период и ќе треба да се вградат во предвидувањата и буџетските пресметки на министерството.