Последна промена: Јануари, 2024 година
Стратешкиот план на Министерството за здравство, претставува основен среднорочен план за развој и истиот ги содржи сите аспекти на организацијата на работа. Целокупниот процес на подготовка на документот, започнувајќи од координирањето па се до спроведувањето на стратешкиот план и годишниот план за работа, следењето, оценувањето и известувањето се во согласност со методологијата за стратешко планирање и подготвување на Годишната програма за работа на Владата на Република Македонија („Службен Весник на Република Македонија“ бр.124/08 и 58/18); Упатството за начинот на постапување на министерствата и другите органи на државната управа во процесот на подготвување на Стратешкиот план и Годишниот план за работа („Службен весник на Република Македонија“бр.131/18); Упатството за начинот на постапување на министерствата и другите органи на државната управа во процесот на следење, оценување и известување на спроведувањето на стратешкиот план и Годишниот план за работа (Службен весник на Република Македонија бр.131/18).
Унифицираноста во подготовката на плановите како и воспоставените критериуми за спроведување на целокупниот процес на вака детално пропишан начин, обезбедува поголема ефикасност и ефективност во спроведувањето на планот, но, и во оценувањето на постигнатите резулатати и известувањето за постигнатите цели.
Стратешките приоритети и цели на Министерството за здравство се во функција на остварување на стратешките приоритети и цели во здравствениот сектор согласно воспоставените долгорочни здравствени стратегии, но истовремено и во функција на приоритетите и целите на Владата на Република Северна Македонија кои се утврдени со Oдлука за утврдување на стратешки приоритети објавена во Службен весник на Република Северна Македонија.
Реално подготвениот план и неговото спроведување, создава одлични можности за унапредување на квалитетот на целокупниот процес, тргнувајќи од креирањето на политиките, па сè до следење на постигнувањата на ниво на приоритети и цели. Преку годишниот план за работа (документ кој произлегува од стратешкиот план во кој се детализираат активностите, со цел да се направи заокружување на една композиција која ја поддржува реализацијата на дефинираната програма), се обезбедува запазување на динамиката на спроведувањето на мерките и активностите и нивно следење како и реално оценување на имплементацијата на сите нивоа (мерка, подпрограма, програма). Можноста да се спроведуваат мерења, анализи и компарации на резултати, ни дава јасен приказ “каде сме” од аспект на посакуваната и постигнатата цел. Исто така, јасниот увид во текот на спроведувањето на активностите и мерките, обезбедува и рано препознавање на можен ризик, предупредување во случаи кога индикаторите не го даваат потребниот параметар. Со тоа се обезбедува навремено редефинирање и на мерливите индикатори и на програмските активности, навремена реалокација на финансиските средства и приказ на работењето кој е економичен, ефикасен, отчетен и транспарентен со цел остварување на поставените цели и приоритети.
Архива
- Годишен план за работа на министерството за 2022 година
- Извештај за постигнати резултати во 2022 година
- Буџет – Министерство за здравство, 2023 година
- Извештај за постигнати резулатати по стратешки програми 2021
- Буџет – Министерство за здравство, 2022 година
- Ребаланс на Буџет, јуни 2022
- Буџет – Министерство за здравство, 2021 година
- Буџет – Министерство за здравство, 2020 година
- Буџет – Министерство за здравство, 2020 година – Ребаланс
- Усогласен стратешки план, 2019 – 2021 година
- Буџет – Министерство за здравство, 2019 година
- Усогласен стратешки план, 2019 – 2021 година
- Буџет – Министерство за здравство, 2018 година
- Усогласен стратешки план, 2018 – 2020 година