ТВОЈ ДОКТОР- Д-р Софија Пејкова, Клиника за пластична и реконструктивна хирургија
Мојата одлука да станам лекар, во голема мера, беше водена од моето семејство, од вредностите, кои се темелат на принципите на искреност, совесност, чесност, посветеност, несебичност на кои моите родители ме научија да ги ценам и практикувам. Од рана возраст се запознав со магијата на емпатијата што се ширеше низ дискусиите на лекарите од моето семејство. Сакав да станам лекар, и тоа го постигнав учејки и напорно работејки. Уште на почетокот се воодушевував од лекарите и секојдневно ми се потврдува мојот став дека медицината е навистина посебена,таа не познава религија, раса, класна припадност – таа има само еден предизвик, а тоа е пациентот. Цел на секој лекар е секогаш добро прифатен пациент, успешно лекуван и излекуван.
Се чувствувам исполнета и среќна со мојата професија како хирург. Нашата работа е тимска и полна со предизвици, а целиот тим ги прави алките на синџирот наречен успех!
Медицината е динамична наука, постојано се развива и поради тоа е неопходно перманентно стручно надградување, многу работа и пред се поддршка, која во секое време ја имам од мојот сопруг и син.
За крај ќе ви го откријам мотото кое постојано ме следи низ мојата кариера:
“Oднесувајте се кон пациентот, како што вие би сакале да се однесува лекарот кон вас, кога вие би биле пациент”