Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на која е договорена соработка на полето на едукации. Остварена е заедничка соработка помеѓу Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и Здружението на анестезиолози за континуиран процес на обука и спроведување едукација за медицинските сестри која треба да се реализира во наредниот период. Овој континуиран едукациски процес ќе се одвива во соработка со Медицинскиот симулациски центар.
/**
*/