НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА ИЗВРШЕНА Е ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА АХИЛОВА ТЕТИВА ОД БАНКАТА НА ТКИВА НА ПОЧИНАТИ ДОНОРИ

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата е изведена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р […]

ЈУБИЛЕЈ 70 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА КЛИНИКАТА ЗА УРОЛОГИЈА – ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е РЕНОВИРАЊЕТО И ПЛАНОТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ ПРОЦЕДУРИ И МЕТОДИ

Честитки за јубилејот 70 години од постоењето на Клиниката за урологија. Во завршна фаза реновирање на клиниката и дефиниран план за воведување нови процедури и методи во работата следната година. Оваа установа е темел на дејноста урологија во нашата држава и стожер на врвни специјалисти и експерти во областа.

МЗ: ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА НЕГОРЦИ – БОЛНИЦАТА ПРИМЕР ЗА ИНОВАТИВНОСТ, ОДГОВОРНОСТ И ВИЗИЈА

Поставувањето на фотонапонски панели во Психијатриската болница Негорци претставува одличен пример за иновативност, одговорност и визија во управувањето со јавните здравствени установи. Оваа инвестиција не само што ќе придонесе за значителни финансиски заштеди, туку и го демонстрира посветениот пристап кон енергетската ефикасност и заштита на животната средина. Чекорот на болницата да ги искористи сончевите ресурси […]

ПРОЕКТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И СТАТУСОТ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Денес заврши втората сесија на тематски работилници на која учество земаа повеќе од 50 претставници на високообразовни институции, националното здружение ЗМСТАМ и други здруженија на медицински сестри и акушерки, работни групи од Министерството за здравство и образование, во рамките на проектот за унапредување на образованието и статусот на медицинските сестри и акушерки. Одлични и конструктивни […]

КОНСУЛТАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА НОВАТА ПРОГРАМА ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА МАЈКИ И ДЕЦА

Одржана стручна консултативна работилница за подготовка на Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца за 2025 година. Процесот е во соработка со нашите партнери ХЕРА, ЕСЕ, Заедно посилни и Здружение на жени од Шуто Оризари. Оваа програма се креира заедно со сите чинители, а целта е креирање програма која ќе одговори на предизвиците. […]

СРЕДБА ТАРАВАРИ СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР КАЗУЈА

Министерот Таравари на денешната средба со амбасадорот на Јапонија во нашата држава, Н.Е. Оцука Казуја истакна дека Јапонија традиционално е голем поддржувач и партнер на Министерството за здравство во бројни проекти за зајакнување на капацитетите на јавните здравствени установи и унапредување на здраствената заштита во нашата држава. -Голема благодарност до амбасадорот Казуја и до јапонскиот […]

ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ВО ЗДРАВСТВОТО, ПОТПИШАН АНЕКС НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР

Ги зголемуваме платите на здравствените работници со потпишаниот анекс на Колективниот договор за здравствена дејност. За здравствените работници со средно образование покачување за 5.681 денари, во бруто износ. Извршена е корекција на коефициентите на сложеност на сите здравствени работници, што во бруто износ изнесува 3.636 денари. -Благодарност до синдикатите за досегашната одлична соработка и конструктивните […]

КОНТРОЛАТА НА УПОТРЕБАТА НА ТУТУН КЛУЧНА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО

Контролата на употребата на тутунот е јавноздравствен предизвик со кој сите заедно се соочуваме и затоа е клучен мултисекторскиот пристап и соработката и поддршката од Светската здравствена организација, со цел заштита на здравјето на населението, истакна заменик министерот Јовица Андовски на дебатата на високо ниво, посветена на заштита на сегашните и идни генерации од штетните […]

ЗА ОПШТА БОЛНИЦАТА ГОСТИВАР ОБЕЗБЕДЕНА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВРЕДНА НАД 450 ИЛЈАДИ ЕВРА

-Гостиварската болница е лидер во регионот според вложувањата во нова медицинска опрема, инфраструктура и зајакнување на кадарот, истакна министерот таравари при посетата на оваа јавна здравствена установа. Обезбедивме најсовремена медицинска опрема во вредност од 9.9 милиони денари. Станува збор за апарат за анестезија, апарати за ЕХО и ЕКГ, пациент монитори, болнички пулсоксиметри, дерматоскоп и друга […]

АНДОВСКИ: ГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

-Годинава има одличен одѕив за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население. Досега пријавени 75.712 лица и се вакцинирани над 66.674 граѓани. Ова е рекорден број пријавени и вакцинирани лица, кои сакаат да се заштитат од посериозни компликации од грип, истакна заменик министерот за здравство, Јовица Андовски на денешната прес-конференција. Апел до граѓаните […]