ФИЛИПЧЕ: МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ СЕ НАШИОТ ФОКУС И ПРАВИМЕ СЀ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНИОТ СТАТУС, КВАЛИТЕТОТ НА ЕДУКАЦИЈАТА И УСЛОВИТЕ ВО КОИШТО РАБОТАТ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со претставници од Здружението на лекари специјализанти, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и со Клубот на млади лекари.

-Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат. Во текот на септември 2019 година ќе биде објавен нов конкурс за приватни специјализанти, изјави министерот Филипче.

На средбата беше разговарано и за исплаќањето на дежурствата на специјализантите, за нивниот вложен труд и за плаќањето здравствено и пензиско осигурување на приватните специјализанти, како и за спроведување евалуација на едукацијата. Исто така, на средбата стана збор кофинансираните специјализанти да бидат трансформирани во државни со полни права и категоријата кофинансирани да не постои повеќе.

Министерството за здравство ќе се труди да обезбеди финансиски средства за исплата на дежурствата на сите специјализанти, како и придонеси за приватните специјализанти, а ќе продолжат разговарите со претставници на здруженијата да бидат инкорпорирани во наставно-научниот совет на Медицински Факултет, со цел заедничка соработка во подобрување на условите на специјализацијата и целокупната едукација.

Во следните две недели се договорени средби на министерот Филипче со Здруженијата, со цел зацврстување на соработката со институциите и реализирање на целите на специјализантите.

Министерството за здравство, минатата година првпат обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти. Грижата за специјализантите и соработката со нив продолжува и во иднина. Вратите на Министерството за здравство се секогаш отворени за нив.

Сподели на:

Related Posts