РЕГИСТРИРАНИ СЕ 373 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 98.174, ОЗДРАВЕНИ СЕ 309 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 8 ЛИЦА

Во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје – 155, Прилеп-47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20,Тетово -17, Струга – 10, Битола -9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино 5-Дебар и Валандово – по 4-Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово – по 3-Гевгелија – 2 и Кичево – 1.

Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови. Регистрирани се 309 оздравени пациенти од:-Скопје 114-Охрид 40-Кавадарци 20-Куманово 18-Струга 16-Велес 14-Тетово и Прилеп – по 12-Кичево и Неготино – по 8-Битола – 7-Демир Капија – 5-Штип, Струмица и Кочани – по 4-Гевгелија, Берово и Крушево – по 3-Радовиш, Делчево, Пробиштип, Виница и Македонски Брод – по 2-Ресен, Крива Паланка, Валандово и Кратово – по 1.Досега во земјата се направени вкупно 494.719 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.

Сподели на:

Related Posts