РЕГИСТРИРАНИ 305 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 102.787, OЗДРАВЕНИ 167 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 11 ЛИЦA

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово –22,  Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по едно лице.

Регистрирани се 167 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Прилеп –26, Велес – 10, Куманово и Струмица – по 6, Штип и Битола – по 5, Тетово и Гостивар – по 4, Кавадарци, Делчево и Кичево – по 3, Гевгелија, Богданци, Кочани, Пробиштип, Виница и Кратово – по 2, Неготино, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Валандово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по едно лице.

Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по четворица пациенти од Скопје (79г, 72г, 67г, 57г),  тројца пациенти од Прилеп  (79г, 71, 70), двајца пациенти од Гевгелија (85г,71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-553, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-121, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина -1, УК Пулмологија со алергологија –1, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Авицена-318, Биотек-348, Систина-318, Лаор–424, Синлаб-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 238.
Досега во земјата се направени вкупно 522.518 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.

Сподели на:

Related Posts