РЕГИСТРИРАНИ 1.320 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 126.230, ОЗДРАВЕНИ 514 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНАТИ 35 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 604, Куманово – 80, Битола – 72, Велес – 62, Охрид – 60, Кавадарци и Штип – по 44, Прилеп – 43, Гостивар – 40, Гевгелија – 38, Тетово – 29, Струмица – 28, Неготино – 23, Струга – 20, Кочани – 19, Кичево – 18, Радовиш и Берово – по 10, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Ресен, Виница и Богданци – по 7, Делчево, Валандово и Крушево – по 6, Демир Капија – 5, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 4, Македонски Брод и Дојран – по едно лице.

Регистрирани се 514 оздравени пациенти од: Скопје – 267, Прилеп – 35, Куманово – 31, Велес – 26, Битола – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Струмица – по 14, Тетово и Кочани – по 13, Валандово – 12, Неготино – 11, Гевгелија – 9, Штип и Ресен – по 8, Демир Капија – 4, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 3, Берово – 2, Кичево, Кратово, Демир Хисар и Дојран – по едно лице.

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 16 пациенти од Скопје (89г, 87г, 82г, 79г, 76г, 72г, 70г, 69г, 69г, 68г, 68г, 65г, 64г, 62, 57, 54), четворица пациенти од Битола (78г, 68г, 65г, 63г), тројца пациенти од Струмица (80г, 64г, 62г), по двајца пациенти од Кочани (71г, 62г) и Прилеп (84г, 69г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г). Од пријавените, 35 лица сите се починати во болнички услови.

Направени се 4.738 тестови преку: ИЈЗ-889, ЦЈЗ Скопје-120, ЦЈЗ Битола-102, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–90, Жан Митрев (Филип Втори)-248, Авицена-366, Биотек-431, Систина-305, лабораторија Лаор–429, Синлаб-160, Ремедика-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1520.
Во земјата, досега, се направени вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243 лица.

Сподели на:

Related Posts