ОБЕЗБЕДЕНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ БОЛНИЧКИ КАПАЦИТЕТИ, ГРАЃАНИТЕ СО ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЌЕ ИМ ПОМОГНАТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО БИТКАТА СО КОВИД-19

Министерството за здравство информира дека и покрај големиот притисок врз болниците во државата, кои се побрзо се исполнуваат со ковид пацинети, обезбедени се слободни места на повеќе клиники, Институтот за белодробни заболувања Козле, како и на интерните клиники. Сите болници и медицински кадар се целосно мобилизирани. И во болниците низ државата, секојдневно системот се менаџира меѓу постојните инфективни одделенија во здравствените установи и модуларните болници.

Оваа здравствена криза, погодена од третиот, можеби и најсилен бран досега, е присутна насекаде – кај нас, во регионот, во цела Европа. Состојбата е критична, но граѓаните не треба да се грижат, оние кои имаат потреба во секое време добиваат соодветна здравствена грижа и третман во болниците.

Министерството за здравство упатува апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот Ковид-19. Министерството за здравство ги повикува граѓаните секој индивидуално да даде свој придонес во борбата со коронавирусот и да им помогне на здравствените работници, во оваа исцрпувачка битка која трае повеќе од една година.

Сподели на:

Related Posts