МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ, ЗАЕДНО СО РОСАНА ДУЏАК, ПОСТОЈАН КООРДИНАТОР НА ОН И ПРЕТСТАВНИЦИ НА АГЕНЦИИТЕ НА ОН – УНФПА, СЗО И УНИЦЕФ ЈА ПОСЕТИЈА МОБИЛНАТА ГИНЕКОЛОШКА АМБУЛАНТА ВО ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО.

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН и претставници на агенциите на ОН – УНФПА, СЗО и УНИЦЕФ ја посетија мобилната гинеколошка амбуланта во Чешиново – Облешево. Жените имаат можност во мобилната амбуланта да направат ПАП тест и да добијат стручни совети од областа на сексуално и репродуктивно здравје за важноста на навремениот скрининг на цервикален карцином, антенатални прегледи на трудници, планирање семејство. Со мобилните гинеколошки амбуланти досега беа реализирани прегледи во повеќе општини – Свети Николе, Врапчиште, Градско, Лозово, и Чашка.

Имплементацијата на мобилните гинеколошки услуги е поддржана преку проектот „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на КОВИД-19“, финансиран од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од Ковид-19 и ова е заедничка програма која има за цел да го подобри пристапот до услугите за поддршка на сексуалното и репродуктивното здравје, имунизацијата и родово базираното насилство за жени, адолесцентни девојки и деца, со посебен фокус на најранливата популација во оддалечените области.

Носител на овие активности е Министерството за здравство, а се реализираат во соработка со УНФПА, Македонско лекарско друштво, Македонска асоцијација на гинеколози и акушери, Клиниката за гинекологија, Црвен крст и други партнери.

Сподели на:

Related Posts