Пред премиерот Ковачевски и членовите на Владата на темата за регионална соработка и помирување говореше Бленди Ходаи, за менталното здравје на младите говореше Мимоза Серафимовска а за климатските промени и зелениот одговор на ЕУ, Марија Бургиева. Тие укажаа на неопходноста да се чуе нивниот глас и потребата да бидат поинтегрирани во донесувањето на одлуки во институциите.
Во своето обраќање премиерот Димитар Ковачевски ги повика и охрабри младите луѓе да преземаат акции и да ги реализираат своите идеи, а Владата ќе настојува да создаде најповолна клима за остварување на нивните амбиции вклучувајќи го и брзото реализирање на процесите за интеграција во ЕУ каде што припаѓа нивната иднина.
Во дискусијата, во која учествуваа и Бојан Маричиќ, заменик-претседател на Владата за европски прашања, Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Насер Нуредини министер за животна средина и просторно планирање, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство, Љуљзим Алиу, заменик-министер за образование и наука, Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи и Роберт Алаѓозовски национален координатор за интеркултурализам, едно општество, беше заеднички оценето дека оваа активност има за цел да ја олесни директната дискусија меѓу младите луѓе и владините претставници и дека вратите на институциите секогаш ќе им бидат отворени за нивните иницијативи за креирање на добри, квалитетни политики за млади.
Заменик министерот за здравство Владимир Рендевски, посебно истакна и апелираше до младата популација активно да се вклучат, да бидат видливи, одлучни и храбри во сите здравствени и медицински активности во државата, како би ја влијаеле кај населението во подигнување на здравствена свест во степенот на вакцинација, но и во другите превентивни и скрининг методи за рано откривање на одредени болести, со единствена цел: подобрување на здравствената заштита на целото население.