Со цел јакнење на здравствените капацитети преку континуирана едукација на вработените во здравствените установи, денес се одржа првата обука на техничкиот персонал одговорен за хигиената за мерките на епидемиолошките превенција и контрола на интрахоспиталните инфекции. Вложувајќи во континуирана едукација на персоналот со цел следење на епидемиолошките препораки за чистење, дезинфекција и стерилизација и навременото превземање на мерки за превенција на болнички стекнати инфекции, може да се намали ризикот за истите до 70%. Дополнително, формирана е и работна група за интрахоспитални инфекции чија цел е да ги усогласи постоечките законски и подзаконски акти со европското законодавство и ЕУ директивите наменети на оваа проблематика.……
Related Posts
АНДОВСКИ: ГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ноември 22, 2024
СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА
ноември 11, 2024