ЧПП – Често Поставувани Прашања

ПРОЦЕДУРА за надомест за специјализанти кои специјализацијата ја плаќаат од сопствени средства 

За изразување на интерес за добивање паричен ндомест за специјализанти кои специјализацијата ја плаќаат од сопствени средства, потребно е да се достават следните документи, преку архивата на Министерството за здравство:

1. Барање за изразување интерес на образец во прилог на оваа процедура во кое се содржат личните генералии на докторот, јавната здравствена установа во која докторот е на специјализација, Универзитетот на кој кандидатот е на специјализација, како и податоци за контакт, односно е-маил адреса и телефон.

2. Копија од решение за запишување специјализација на кандидатот.

3. Потврда од Агенција за вработување, за утврдување на статусот на вработување.

4. Образец М1/М2-Пријава/Одјава во задолжително социјално осигурување

На крај од тековниот месец, сите пристигнати апликации се испраќаат до Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, каде со одлука на управен одбор се доделуваат средства за договорениот надомест на јавната здравствена установа во која ќе ја обавуваат специјализацијата.  После тоа, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија доставува до секоја јавна здравствена установа известување за листа на кандидати/специјализанти за добивање паричен надомест.

- Јавната здравствена установа ги известува кандидатите за натамошната постапка и склучува договор со секој специјализант поединечно. Исплатата на паричниот надомест се врши преку јавната здравствена установа.

За дополнителни информации обратете се на следната е-маил адреса ana.dimova@zdravstvo.gov.mk 

Согласно Законот за здравствена заштита, здравствените работници со високо образование од областа на медицината можат да специјализираат ако покрај условите од ставот (1) на овој член, имаат и најмалку шест месеци работа, согласно стекнатата лиценца за работа во примарна здравствена заштита во здравствен дом.

За изразување интерес за вршење шестмесечната платена пракса, потребно е да ги доставите следните документи, преку архивата на Министерството за здравство:

1. Писмо за изразување интерес, во кое ќе се содржат личните генералии на докторот, јавната здравствена установа во која докторот сака да ја обавува праксата, како и податоци за контакт, односно е-маил адреса и телефон.

2. Копија од лиценца/уверение за положен државен испит.

3. Потврда од Агенција за вработување, за утврдување на статусот на вработување.

Процесот за почнување со платената пракса е следниот:

- На крајот од тековниот месец, сите пристигнати апликации се испраќаат до Фондот за здравствено осигурување, каде со одлука на управен одбор се доделуваат средства за вашиот паричен надомест, на здравствената установа во која ќе ја обавувате праксата. Потоа, јавната здравствена установа поднесува барање за добивање согласност од Министерство за финасии, преку Министерство за здравство и ФЗОРСМ. Кога ќе се добие согласноста, јавната здравствена установа за која сте аплицирале, ќе ве исконтактира, за почнување со платената пракса.

За дополнителни информации обратете се на следната е-маил адреса: ivo.koret@zdravstvo.gov.mk 

Во прилог упатството со цитирана потребна документација (образец) за ставање детергент во промет, согласно Законот за хемикалии (член 121, 122, 123, 124, 125 и 126), како и со Правилникот за методите за утврдување  на биоразградливост на површинско активните  супстанции во детергентите, како и референтните методи  за испитување и анализа на детергентите (Службен весник на РСМ 74/11) и Правилникот за податоците за содржината на детергентите кои треба да бидат наведени на пакувањето, како и општите  и посебни правила на означувањето на пакувањето на детергентите (Службен весник на РСМ 84/11).

За дополнителни информации обратете се на следната е-маил адреса: luljeta.vela@zdravstvo.gov.mk

Ова прашање е во надлежност на секторот за хемикалии и е регулирано со правилникот за формата и содржината на барањето и потребната документација за пуштање во промет електронски цигари и/или контејнери за еднокартно или повеќекратно полнење (Сл. весник на РСМ бр. 238 од 2022 год) како и Законот за тутун и сродни производи (Сл. весник на РСМ бр.98 од 2019 година). За наведените прашања, правните лица се упатуваат да го консултираат Законот за тутун и сродни производи (Сл. весник на РСМ бр.98 од 2019 година)
За поконкретни информации во врска со потребната документација обратете се на мејл: maja.evrosimovska@zdravstvo.gov.mk

Овие прашања се регулирани со Законот за хемикалии (Сл. весник бр.145/10, 53/11, 164/13, 116/15, и 37/16) и Законот за прекурзори (Сл. весник бр. 37/04, 40/07, 62/08, 53/11 и149/15, како и правилнокот за поблиските услови  во однос на просторот и опремата кои треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат промет со хемикалии (Сл.весник 132/08).

За поконкретни информации, и олеснување на работата на заинтересираните правни лица, Секторот за хемикалии изготви упатства за потребна документација за добивање дозвола вршење промет со хемикалии, односно прекурзори и Образец / Барање за двете дејности :

 -Упатство за потребна документација за правни лица кои вршат промет или употреба на хемикалии

-Упатство за потребна документација за правни лица кои вршат дејност промет со прекурзори

-Упатство за потребна документација за правни лица кои вршат производство на  хемикалии

  1. Образец / Барање за добивање одобрение за вршење промет со прекурзори
  2. Образец / Барање за продолжување одобрението за вршење дејност промет со прекурзори

(Да се заокружи бројот за кој се однесува барањето)

Дали вакцинацијата во Република Северна Македонија е задолжителна?

 

Согласно Календарот за имунизација, задолжителна е активната имунизација на лица на одредена возраст (од 0 до 18 години).  

Вакцинацијата е законски регулирана со Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/2014, 150/15 и 37/16 и Слвесник на РСМ бр. 257/20) и Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење евиденција и документација (Сл. весник на РМ бр.177/15).

Колку е опфатот на вакцинирани и ревакцинирани деца со вакцините од Календарот за имунизација?

 

Институтот за јавно здравје на РСМ е надлежен за изготвување годишните извештаи за спроведената имунизација во Република Северна Македонија.Во прилог линк од извештаите (од 2015 до 2022 година):

https://iph.mk/mk/home/izvestai?cookieS=1

 

Зашто децата треба да се вакцинираат?

 

Имунизацијата може да го спаси животот на вашето дете.

Поради напредокот во медицинската наука и откривање на нови вакцини, Вашето дете може да биде заштитено од најмногу болести, од кога било досега. Некои болести од кои некогаш во минатото заболувале или умиралеилјадници деца, денес се целосно елиминирани, а други се блиску до елиминација - пред сé поради безбедните и ефективни вакцини. Детската парализа е еден пример за големото влијание што вакцините го имаат. Во нашата земја, последниот случај на детска парализа е во 1987 година, а од јуни 2002 година, Република Северна Македонија од СЗО доби Сертификат за ерадикација на детската парализа (Polio free country), заедно со другите земји од европскиот регион.

Вакцинацијата е многу безбедна и ефикасна.

Вакцините може да предизивкаат одредена непријатност, болка, црвенило или осетливост на местото на инјектирање, но тоа е минимално во споредба со болката, непријатноста и траумата од болестите што ги спречуваат овие вакцини. Сериозни несакани ефекти по вакцинацијата, како што се тешки алергиски реакции, се многу ретки. Придобивките од вакцините за превенција од болести се многу поголеми од можните несакани ефекти кај речиси сите деца.

Имунизацијата ги штити другите за кои се грижите.

Децата во Република Северна Македонија сè уште добиваат болести што може да се спречат со вакцини. Всушност, видовме повторна појава на мали сипаници во текот на изминатите неколку години. Додека некои бебиња се премногу мали за да бидат заштитени со вакцинација, други можеби нема да можат да примат одредени вакцини поради тешки алергии, ослабен имунолошки систем од состојби како леукемија или други причини. За да ги заштитите, важно е Вие и Вашите деца кои може да се вакцинираат да сте целосно имунизирани. Ова не само што го штити Вашето семејство, туку и помага да се спречи ширењето на овие болести кај вашите пријатели и најблиски.

Имунизацијата може да заштеди време и пари на вашето семејство.

На дете со болест што може да се спречи со вакцина може да му се забрани присуство во градинка или училиште, а тоа значи и отсуство на родителот/ старателот од работа. Некои болести што може да се спречат со вакцини може да резултираат со долготрајни инвалидитети и може да имаат финансиски товар поради отсуството од работа, трошоците предизвикани од лекување или долготрајната грижа за инвалидитет. Спротивно на тоа, вакцинирањето против овие болести е економски најисплатлива инвестиција и е бесплатна за сите деца.

Имунизацијата ги штити идните генерации.

Вакцините намалија иво некои случаи, елиминираа многу болести од кои умреа или сериозно онеспособија луѓе пред само неколку генерации. Ако продолжиме да вакцинираме сега и целосно се вакцинираме, родителите во иднина можеби ќе можат да веруваат дека некои денешни болести повеќе нема да им наштетат на нивните деца во иднина.

Дали е безбедно бебињата да се вакцинираат на многу мала возраст?

Одговор: Да. Вакцините им помагаат на децата да се изборат со одредени сериозни и смртоносни болести со кои нивното тело сè уште не може да се справи. Иако бебето прима мајчини антитела во тек на бременоста, но не добива антитела за пертусис, тетанус, хепатит Б и Хемофилус тип б со што од овие инфекции не е заштитено во првите месеци. Затоа е важно да се започне со имунизација на 2 месечна возраст. Децата почнуваат рано со вакцинација бидејќи во тој период се најподложни на болести. Вакцините го зајакнуваат нивниот имунолошки систем. Согласно нашиот Календар за имунизација, до 1 годишна возраст, вакцинираните деца се заштитени од 12 потенцијално сериозни болести.

 

Дали имунолошкиот систем на бебето може да одговори на повеќе од една вакцина истовремено?

Вакцините го зајакнуваат имуниот систем и го прават силен и подготвен за борба против вакцинопревентабилните болести. Од раѓањето бебињата се изложени на илјадници бактерии, а само мал дел од имуниот систем се користи за одговор на вакцините. Голем број студии докажале дека комбинираните вакцини се исто толку ефикасни колку и поединечните и нема поголем ризик од несакан ефект.

Зошто е клучно да се следи Календарот за имунизација?

 

- Распоредот на вакцините е научно заснован

Распоредот е безбеден и добро функционира

Го намалува ризикот бебето да развие страв и вознемиреност од боцкањето

Ризикот за несакани ефекти е ист без разлика дали вакцините се даваат заедно или одделно

Ќе го намалите бројот на посети и времето поминато заради одење на вакцинација

 

Што е колективен имунитет?

Се јавува кога се имунизирани доволен број лица (по природен или вештачки пат) од одредено заразно заболување со што се намалува шансата да заболат лицата кои се осетливи односно кои останале незаштитени. За да се постигне колективен имунитет прагот на покриеност со имунизација варира во зависност од тоа колку е заразна болеста. Така на пример за мали сипаници, кои се екстремно заразни, треба 95% од населението да биде вакцинирано за да се постигне колективен имунитет.

 

Дали вакцината против МРП предизвикува аутизам?

Не, вакцината против МРП, и ниту една друга вакцина не предизивикува аутизам или аутистични нарушувања. Многу студии покажаа дека не постои врска помеѓу примањето вакцини и развојот на аутизам, како и тоа дека составот на вакцините (Тимеросал) не влијае на развојот на аутизмот. Напротив, деца кои што не се вакцинирале имаат ист ризик од аутизам како и вакцинираните деца. Од спроведена студија во Данскаво 2002 година, во која учествувале 537.303 деца, резултатите за сите овие деца покажале дека не постои никаква поврзаност меѓу вакцинацијата и појавата на аутистично нарушување.

 

 

Која е придобивката од вакцината против ХПВ?

ХПВ вакцината е единствена вакцина која штити од преканцерозни инфекции и рак. Согласно нашиот Календар за имунизација, девојчињата на возраст од 12 години треба да примат две дози од вакцината против ХПВ, на растојание од 6 месеци. Во некои земји, ХПВ вакцинацијата се спроведува и од 9-годишна возраст. Раната заштита најдобро функционира. Треба да го заштитите Вашето дете многу порано пред да има контакт со вирусот.

Дали вакцините кои ги обезбедува државата се безбедни?

 

Вакцините кои ги обезбедува државата се безбедни и ефикасни. Министерството за здравство континуирано и навремено обезбедува вакцини од светски реномирани производители, кои задолжително исполнуваат строги критериуми за квалитет. За секоја вакцина, МАЛМЕД издава одобрение за ставање на секоја серија во промет, со што дополнително се гарантира за безбедноста на вакцините. Со последното осовременувањето на Календарот за имунизација во 2019 година, со воведувањето на рота вирусната и пневмококната вакцина, рамо до рамо со европските земји, обезбедуваме заштита од вкупно 13 заразни болести.

Дали состојките во вакцините се безбедни?

Вакцините може да бидат живи, атенуирани и неживи вакцини. Живи, атенуираи вакцини содржат ослабени ви лабораториски услови бактерии или вируси, тие не може да предизвикаат болест или може да се развие многу лесна форма на заболувањеНеживите вакцини содржат инактивирани бактерии или вируси, делови од бактерии или токсоиди кои не може да предизвикаат болест. Поедини суспстанци кои ги содржат вакцините се потребни за да ја обезбедат нивната ефикасност и да ги одржуваат стабилни и безбедни. Овие состојки внимателно се тестирани и безбедни, а присутни се во вакцините во сосема мали количини.

Прашање: Кои вакцини во моментот се користат за задолжителна имунизација и од кој производител?

 

ВАКЦИНА

ПРОИЗВОД

ПРОИЗВОДИТЕЛ

ДРЖАВА

DTaP-IPV-Hib

Pentaxim

Sanofi Pasteur

Франција

DTaP-IPV-Hib-HepB

Hexaxim

Sanofi Pasteur

Франција

DTaP- IPV

Tetraxim

Sanofi Pasteur

Франција

dT - IPV

Revaxis

Sanofi Pasteur

Франција

ММR

MMR Vaxpro

MERCK

SHARP&DOHME

Холандија

Tetanus vaccine

Tetatox

BB-NCIPD Ltd

Бугарија

HPV

Gardasil

MERCK

SHARP&DOHME

Холандија

BCG

BCG

BB-NCIPD Ltd

Бугарија

Hepatitis B

Engerix B

GlaxoSmith Kline

Белгија

Pneumococcus vaccine

Prevenar 13

Pfizer

Белгија

Rota virus vaccine

Rotateq

MERCK

SHARP&DOHME

Холандија

Согласно Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување член 12-г, став 1  гестацискиот носител има право само еднаш да роди живо дете/деца за друг.

Жената за да биде гестациски носител во постапка за БПО потребно е да ги исполнува следните услови:

 

-да биде државјанин на Република Северна Македонија; 
-да биде во добра психофизичка и општа задравствена состојба; 
-да биде на возраст од најмалку 25 години живот, се до возраст во која жената е во добра психофизичка и општа здравствена состојба која овозможува здрава бременост и раѓање на здраво дете; 
-мајка на најмалку едно дете во моментот на започнување на постапката на БПО;
-да не и е одземено или ограничено родителското право;
-да не и е изречена казна за сторено кривично дело со ефективна казна затвор во траење од над шест месеци;
-да не и е ограничена или одземена деловната способност;
-де не е душевно болно или лице со пречки во интелектуалниот развој;
-да не е зависник од дрога или други психотропни супстанции или алкохол; и
-да нема тешко хронично заболување или да не е болно од неизлечива заразна болест.
Право да поведе постапка на БПО со гестациски носител имаат маж и жена кои се во брак и се државјани на Република Северна Македонија. Лица во вонбрачна заедница или во која било друга форма на партнерство не можат да поведат постапка на БПО со гестациски носител.

Брачната двојка има право да поднесе барање за поведување постапка на БПО со гестациски носител, доколку жената од брачната двојка има вродено/стекнато отсуство на матката или вродена аномалија на матката која не може да се корегира со модерни хируршки процедури според медицина базирана на докази или некоректибилни оштетувања на матката.

Брачната двојка има право да поднесе барање за поведување постапка на БПО со гестациски носител, доколку жената од брачната двојка покрај горенаведената состојба истовремено има и вродено или стекнато отсуство на јајници или вродена аномалија на јајниците која не може да се корегира со модерни хируршки процедури според медицина базирана на докази или некоректибилни оштетувања на јајниците. 
Брачната двојка има право да поднесе барање за поведување постапка на БПО со гестациски носител доколку мажот од брачната двојка има стерилитет кој не може да се излекува со модерни процедури според медицина базирана на докази, а истовремено жената од брачната двојка ги има двете горенаведени состојби. 
Како причина за поднесување барање за поведување постапка на БПО со гестациски носител од брачната двојка се признаваат и најмалку три неуспешни обиди за забременување на жената од брачната двојка, кога како причина за неуспехот се исклучени сите останати причини и фактори, освен оштетувања на матката.
Како причина за поднесување барање за поведување постапка на БПО со гестациски носител од брачната двојка се признава и постоење на заболување кај жената од брачната двојка кое е контраиндицирано со забременување заради можни тешки животозагрозувачки компликации и последици кај жената од брачната двојка, вклучувајќи смртен исход.
Брачните двојки за запишување во Регистарот на брачни двојки, потребно е да ја достават следната документација:
-уверение за државјанство (оригинален примерок или копија заверена на нотар);
-извод од матична книга на венчани (оригинален примерок или копија заверена на нотар);
-копија од лична карта (заверена на нотар) и
-медицинска документација како доказ дека се исполнети условите за започнување на постапката (оргинален примерок).
За запишување во Регистарот на гестациски носител треба да се достават следните документи:

-уверение за државјанство (оригинален примерок или копија заверена на нотар);

-извод од матична книга на родени (оригинален примерок или копија заверена на нотар);
-извод од матична книга на родени, за детето/децата (оригинален примерок или копија заверена на нотар) и 
-копија од лична карта (заверена на нотар) 

- Пријавата за запишување во Регистар на брачни двојки и Пријавата за запишување во Регистар на гестациски носители, лицата кои се заинтересирани за оваа постапка имаат можност да ги испечатат и достават во Министерство за здравство. 

-До Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување канабис за медицински цели потребно е да доставите барање за добивање одобрение за одгледување канабис за медицински цели, како и елаборат, односно план за одгледување канабис за медицински цели.

Документи кои треба да се приложат кон барањето:

1. Доказ за запишување на правното лице во Централниот регистар на РСМ (не постар од шест месеци)

2. Доказ за сопственост на просторот/површината на кој/а се одгледува канабис за медицински цели или договор за закуп или имотен лист

3. Елаборат/план за одгледување канабис за медицински цели и

4. Доказ за платена административна такса и платени надоместоци за постапување по барањето

5. Доказ за кадар

6. Доказ за обезбедено 24 часа физичко обезбедување

Документите треба да се во оргинал или копија заверена на нотар

Општи насоки за подготовка на елаборат /планот за  одгледување на канабис за медицински цели

Доколку ви се потребни дополнителни информации обратете се на e-mail: dragana.petrusevska@zdravstvo.gov.mk