Почитувани,
Министерство за здравство отпочна постапка со Одлука бр. 20-6100/2 од 24-08-2018 година, за интервентна набавка на Инсулин за потребите на населението на РМ, постапка бр. 19-3/2018.
Ве покануваме, со Ваша понуда да учествувате во постапката.
Планирани средства за реализирање на оваа набавка се во висина од 100.000.000,00 денари.
Постапката за доделување на договор за јавна набавка е со преговарање без претходно објаввање на оглас. Крајниот рок за доставување на понудите во архивата на Министерство за здравство е 29-08-2018 година до 10:00 часот а преговарањето по доставените прифатливи понуди ќе се изврши во просториите на Миистерство за здравство, на 29-08-2018 година во 12:00 часот, 50-та Дивизија бр. 14 – Скопје.
Во прилог Ви ја испраќаме Тендерската документација, а воедно, Ве покануваме, доколку сте во можност, да подигнете и печатена верзија од истата, во просторија бр. 6, во Кабинетот на Министерот за здравство.
Ве молиме за кратка потврда дека сте го добиле овој меил и информација дека покрај добиената тендерска документација преку овој мејл (која можи да ја искористите во оваа постапка) сте заинтересирани и за печатена верзија.
За дополнителни прашања и информации, Ви стоиме на располагање Арсим Агуши Тел/ +389 (0)75 346 658
Со почит,