Со овој закон се уредуваат:
– надлежностите на државните органи надлежни за контролата на производството и прометот на опојни дроги и психотропни супстанции,
– мерките за превентива на употребата и злоупотребата на опојни дроги, психотропни супстанции, за лекување, рехабилитација и социјална реинтеграција на лица зависни од опојни дроги и психотропни супстанции,
– класификација на супстанции и растенија како опојни дроги и психотропни супстанции и растенијата од кои може да се добие опојна дрога, според режимот на забрана или контрола и според нивниот вид и особини,
– намената и условите на дозволеното одгледување на растенија од кои може да се добие опојна дрога, т.е. условите за производство, промет на опојни дроги, психотропни супстанции и на растенијата од кои може да се добие опојна дрога,
– надзор над одгледувањето на растенијата од кои може да се добие опојна дрога, како и на производството, прометот и поседување на опојна дрога, психотропни супстанции, растенија од кои може да се добие опојна дрога и
– мерки за сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропните супстанции.
- ЗАКОН ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ (Службен весник на РМ бр. 103 од 2008 година)
- ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ (Службен весник на РМ бр. 124 од 2010 година)
- ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ (Службен весник на РМ бр. 164 од 2013 година)
- ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ (Службен весник на РМ бр. 149 од 2015 година)
- ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ (Службен весник на РМ бр. 37 од 2016 година)
- ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ (Службен весник на РМ бр. 53 од 2016 година)