ПРОМОВИРАНА ИНТЕРНЕТ АЛАТКА ЗА САМОПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ДРОГИ

Во центарот за превенција и третман на зависности од дрога во Кисела вода  беше  промовирана интернет алатка за самопроценка на ризикот од употреба на дроги, што претставува рана детекција и брза интервенција за да се опфатат младите, кои употребуваат супстанци, а кои досега не побарале помош од постојните програми.

Д-р Лилјана Игњатова, постојан дописник на Помпиду групата при Советот на Европа, посочи дека сите кои ја користат оваа алатка се безбедни и нивните податоци се анонимни и сигурни. На овој начин се избегнува стигмата и дискриминацијата и се оцозможува порано и навремено да се опфатат лица кои, доколку развијат зависност, многу подоцна би се јавиле во програмата.

Од додегашните тестирања во алатката се покажало дека кај 16 проценти од тестираните лица нема ризик од зависност, кај 70 проценти е забележана штетна употреба на дрога, што не значи зависност, а 14 проценти, најверојатно, се зависници од дрога.

Овој проект е финансиски поддржан од Советот на Европа за повеќе земји, меѓу кои се: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Грција и Романија, информираат од Центарот.

Линк: https://drughelp.eu/dudit1.php?l=MK-mk

Сподели на:

Related Posts