Клиничка патека за дијагностицирање и лекување на малигни заболувања

Клиничкита патека е изготвена од стручни лица од повеќе области на медицината. Со оваа клиничка патека се утврди текот на здравствениот третман на пациентите болни од малигни заболувања.

Здравствениот третман на пациентите болни од малигни заболувања опфаќа дијагностицирање, односно правење на сите соодветни дијагностички тестови заради добивање на податоци за здравствената состојба на пациентот и лекување на малигните заболувања. Пациентите кај кои постои индикација за малигно заболување се стекнуваат со приоритетен статус при укажувањето на здравствените услуги во однос на останатите пациенти.
Текот на лекувањето на конретни малигни заболувања се дадени во форма на блок дијаграми во прилози кои се составен дел на оваа клиничка патека и тоа за:

  1. Национална патека за карцином на грло на матка
  2. Национална патека за карцином  на тело на матка
  3. Национална патека за карцином  на вагина
  4. Национална патека за карцином  на вулва
  5. Национална патека за карцином на јајници и туба
  6. Национална патека за примарен белодробен карцином
  7. Национална патека за крацином на дојка
  8. Национална патека за карцином на желудник и гастроезофагеален спој
  9. Национална патека за карцином на колон и ректум
  10. Национална патека за меланом
  11. Национална патека за немеланомски карцином на кожа
  12. Национална патека за малигни болести на ЦНС
  13. Национална патека за сомнение на леукемија (леукоитоза, леукопенија,
    панцитопенија)
  14. Национална патека за акутна миелобластна леукемија
  15. Национална патека за акутна лимфобластна леукемија
  16. Национална патека за хронична миелоидна еукемија
  17. Национална патека за хронична лимфоцитна леукемија
  18. Национална патека за миелодиспластичен синдром
  19. Национална патека за сомнение за малигни лимфом
  20. Национална патека за Не – Хоџкинови лимфоми
  21. Национална патека за Хоџкинови лимфоми
  22. Национална патека за сомнение за Мултипен Миелом
  23. Национална патека за коскени тумори
  24. Национална патека за оценување абдоминална туморска маса
  25. Национална патека за оценување на медијастинална туморска маса
  26. Национална патека при сомневање за акутна леукемија или лимфом
  27. Национална патека на иницијално водење на деца со ново дијагностициран тумур на мозок
  28. Национална патека, ГИСТ
  29. Национална патека за мекоткивни саркоми
  30. Национална патека за тумори на супраглотичниот ларинкс
  31. Национална патека за тумори на максиларниот синус
  32. Национална патека за тумори на глотичниот ларинкс
  33. Национална патека за рекурентен карцином на главата и на вратот (РЕ-2)
  34. Национална патека за неоперабилен карцином на глава и врат (РЕ – 1)
  35. Национална патека за тумори на хипофаринксот
  36. Национална патека за тумори на усната празнина
  37. Национална патека за тумори на орофаринксот
  38. Национална патека за тумори на назофаринксот
  39. Национална патека за коскени тумори
  40. Национална патека за рак на мочен меур
  41. Национална патека за рак на бубрег
  42. Национална патека за рак на простатата
  43. Национална патека за рак на тестис