Day: март 13, 2018

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ДИНАМИКАТА НА ГРАДБА НА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.  На средбата се разговараше за динамиката за градење на новиот клинички центар, како и за натамошно унапредување на заедничката соработка меѓу двете институции.

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ ЗА МИГРАЦИЈА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска учествуваше на тркалезна маса за развивање платформа за сеопфатен национален план за вонредни состојби во областа на миграцијата, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во рамки на своето обраќање, д-р Милошев потенцираше дека за време на мигрантската криза, здравствениот сектор ги презема сите […]