Day: март 19, 2018

ПОСЕТА НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ТЕТОВО И СРЕДБИ СО ЖИТЕЛИТЕ ОД УРВИЧ И БРВЕНИЦА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче ја посети Клиничката болница во Тетово, при што оствари средби со директорот, д-р Флорин Бесими, како и со жителите на тетовските села Урвич и Брвеница. Министерот најави дека ќе се преземат сите мерки за да се олесни функционирањето на здравствените центри, а граѓаните ќе добијат поквалитетни здравствени услуги.

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние. На средбата стана збор за можностите за соработка во повеќе сегменти на здравствениот систем, меѓу кои здравствената инфраструктура, нова опрема, како и во делот на едукација на кадарот. Посебен фокус беше ставен на размената на искуства меѓу двете земји, […]

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО И 73 ГОДИНИ ЦРВЕН КРСТ НА РМ

Црвениот крст на Република Македонија одбележа 73 години од своето постоење и 23 години од полноправното членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвена полумесечина. На настанот се обрати министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кој истакна дека Црвениот крст на РМ е сериозен партнер во активностите, кои заеднички се преземаат за […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА ТУРЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна работна средба со aмбасадорката на Турција во Скопје, Н.Е. Тулин Еркал Кара, во насока на унапредување на меѓусебната соработка на двете земји во областа на здравството.