СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија, Чарлс Едмунд Гарет. На средбата стана збор за унапредување на меѓусебната соработка во областа на здравството, а воедно амбасадорот Гарет беше запознаен со актуелните состојби во македонскиот здравствен систем.