Day: април 18, 2018

РАЗГОВОРИ СО СВЕТСКА БАНКА ЗА ПЛАНИРАНИТЕ ПРОЕКТИ И РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Во текот на денешниот ден се одржа конференциска врска помеѓу министерот за здравство и претставници на Светската банка, при што е разговарано за планираните проекти и реформи во здравството. Од Светската банка, добиена е поддршка за процесите на реформа во легислативата и потврда за правилно планирање на предвидените промени во делот на здравствени реформи.

СРЕДБА СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ И АКУШЕРКИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на која е договорена соработка на полето на едукации. Остварена е заедничка соработка помеѓу Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и Здружението на анестезиолози за континуиран процес на обука и спроведување едукација за медицинските сестри која треба […]