Day: февруари 4, 2019

ОПШТАТА БОЛНИЦА КУМАНОВО ДОБИ АПАРАТ ЗА РАНА ДИЈАГНОСТИКА НА ОШТЕТУВАЊА НА СЛУХОТ КАЈ НОВОРОДЕНЧИЊА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети кумановската болница по повод донацијата на апарат за рана дијагностика на оштетувања на слухот кај новороденчињата во Општата болница Куманово. Донираниот апарат значително ќе придонесе кон навремена дијагноза и соодветен третман за можните оштетувања на слухот кај новороденчињата. Годишно на одделот за акушерство и неонатологија […]

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ: ВО КОНТИНУИТЕТ СЕ ОБЕЗБЕДУВА КВАЛИТЕТНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА ЛИЦАТА СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на прес конференцијата по повод одбележување на 4 февруари–Светски ден за борба против ракот, во организација на Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден“. Во своето обраќање, министерот истакна дека се обезбедува квалитетна здравствена заштита за лицата со малигни заболувања, олеснета е […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ГО УНАПРЕДУВАМЕ СТАТУСОТ НА ЦЕЛОКУПНИОТ ЗДРАВСТВЕН ПЕРСОНАЛ

Министерот за здравство на Република Македонија, доц. д-р Венко Филипче, заедно со австрискиот аташе за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите за Македонија, Харалд Фугер и Људмила Гасер од Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите на Република Австрија, присуствуваа на денешниот настан, посветен на размена на искуства за […]